Твитер целосно го суспендираше профилот на министерот Венко Филипче

Точка

01/08/2021

11:35

7.288

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Твитер го суспендираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче поради „забележана необична активност“.

На 16-ти јули, профилот на Филипче беше ставен под рестрикција од страна на социјалната мрежа откако, наводно при логирање бил внесен погрешен код за верификација.

„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен под рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот“, изјавија тогаш од Министерството за здравство.

Сè до вчера, корисниците сѐ уште можеа да го посетат профилот на Филипче, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од Твитер, но од денеска тој е целосно блокиран од оваа социјална мрежа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг