МНР за „ТВ24“: „Досега нема пријавено повредени македонски туристи во пожарите во Турција“

Точка

31/07/2021

20:46

938

Големина на фонт

а а а

Туристите од Македонија кои во моментов летуваат во Турција, не се загрозени на каков било начин од пожарите кои беснеат во овој регион.

Информациите кои доаѓаат од Турција се дека за среќа помеѓу починатите и повредените лица од пожарите нема граѓани од Македонија. Овие информации за „ТВ24“ ги потврдиле и од Министерството за надворешни работи.

„До нашите дипломатско конзуларни претставништва во Турција досега не е е пријавен ниту еден наш државјанин кој бил загрозен“, велат од МНР.

„Од кога се виде дека сето тоа е контролирано и дека нема погодени наши граѓани на местата каде што беа тие веќе се се врати во нормала. Интересот можам да кажам дека не е намален, туку напротив дека е доста голем за Турција и од ден на ден се зголемува и до средината на август капацитетите се пополнети“, велат од Туристичка комора.

Повеќето шумски пожари во Турција се под контрола, додека областите во западниот дел на земјата сè уште се загрозени, изјавија тамошните власти, најавувајќи истрага за причините за пожарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг