Ново истражување "ја нокаутирало" досегашната теорија за пронајдената течна вода под површината на Марс

Точка

30/07/2021

15:39

7.489

Големина на фонт

а а а

Новото истражување поврзано со планетата Марс не носи добри вести за надежта на човештвото за пронаоѓање на живот на нашата соседна планета.

До неодамна научниците верувале дека под површината на Марс се наоѓаат скриени езера од течна вода, но новото истражување открива дека всушност можеби станува збор за обични наслаги од замрзната глина.

Новата анализа на радарските податоци собрани уште во 2018-та година од вселенската лето "Mars Express", на некој начин задала "нокаут" на идеите дека некаде под површината на Марс постои скриена течна вода.

"Досега сите претходни истражувања само можеле да сугерираат дека езерата пополнуваат дупки. Ние го направивме првото истражување кое покажува дека други материјали се најверојатната причина за тие сугестии", истакнува Исак Смит од Институтот за планетарна наука во Аризона.


"Нашето истражување нуди вистинска можност и многу полесно замислива, алтернативна хипотеза која ги објаснува откритијата направени со алатот "MARSIS" кој се наоѓа на вселенското летало "Mars Express". Попрецизно, крута глина замрзната до криогени температури може да ги направи тие рефлексии", објаснува Смит.

Употребил боксерски речник за да објасни што значи тоа откритие за досегашната теорија за подземните езера на Марс.

Тоа е како 1-2-3 комбинација на удари, која прави големи дупки во интерпретацијата на езерата и после тоа ја решава загатката, вели Смит.


Со оглед на тоа дека биле потребни значајни количини на топлина и соли да ја држат водата во течна состојба под јужниот пол на Марс, Смит вели дека е поверојатно минералите кои се нарекуваат смектити и кои всушност се облик на глина сличен на вулканскиот камен, а кој го има во екстремни количини на Марс, да ги натерале научници претходните податоци од радарот да ги интерпетираат како течна вода.

За да ја проверат својата теорија, научниците ги оладиле смектитите во лабораторија на минус 43 степени Целзиусови. На таа температура смектитите можат да создадат светкава радарска рефлексија која ја открил "MARSIS".

Смит додава дека смектитите прекриваат речиси 50 проценти од површината на Марс и дека се посебно згуснати на јужната хемисфера на Црвената планета.


Просечната температура на Марс е минус 63 степени Целзиусови, според податоците на НАСА, но таа варира од суперстудени минус 120 степени во зима до минус 56 степени на лето.

Кога "MARSIS" во 2018-та година открил неколку подрачја во кои научниците мислеле дека има солени езера под јужниот пол на Марс. Смит смета дека сега таа теорија паѓа во вода.

Истражувањето е објавено во научното списание "Geophysical Research Letters".



Спонзорирани линкови

Маркетинг