Казни за 173 возачи на мотоцикли, седум биле одземени поради голема бучава

Макфакс

28/07/2021

12:00

381

Големина на фонт

а а а

По зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкцинонирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли вчера биле изречени 173 казни.

Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг