Како правилно да ја заштитите кожата на вашето бебе во текот на летните денови

Точка

27/07/2021

16:10

2.652

Големина на фонт

а а а

Поголемиот дел на родители се запознаени со чекорите кои треба да ги преземат во врска со заштита на бебешката кожа за време на летниот период. Меѓутоа, на деталите како СПФ кремите за сончање и штетните состојки често забораваат.

Нанесете крема за сончање на бебето дури и ако е родено од неодамна. Американската академија за педијатрија го одобри користењето на крем и за новороденчиња кои се помали од 6 месеци. Нанесете по лицето и телото 20 минути пред да излезете.

Бидете внимателни доколку планирате цел ден да го поминете надвор. Константно набљудувајте го бебето за да избегнете и најмали изгореници од сонце. Доколку ги забележите, веднаш вратете сѐ во затворен простор.

Секогаш барајте сенка. Дозволете му на бебето да си игра на отворено, но ограничете го седењето на сонце. На плажа задолжително носете чадор. Облечете го бебето во памучна облека и ставете му шешир. Потрудете се повеќе време да поминувате во попладневните часови.


Проверете дали бебето е алергично. Прво нанесете мала количина крем за сончање. Пара-аминобензоевата киселина е состојката која најчесто е поврзана со алергиски реакции. 

Производите со СПФ помал од 15 не можат да спречат негативни ефекти од изложување на УВ зраците. Кремата која содржи СПФ 50 е идеална заштита доколку се нанесува на секои два чса кога сте на отворено. Доколку детето се поти или со вас поминува време во вода нанесувајте ја на секои 40 минути. Нез заборавајте да нанесете на ушите, внатрешната страна на колената и дланките.

Кремата со фактор треба да продолжите да ја користите и во текот на годината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг