Познатиот доктор и поранешен директор на Клиничката болница-Штип, Александар Стојанов почина.
Според информации на ТВ Стар доктор Стојанов починал во Грција.
- Ненадејно во Грција почина познатиот штипски гинеколог-специјалист, д-р Александар Стојанов кој пред неколку години беше и директор на Клиничката болница-Штип, објави телевизијата.
Штипјани, вознемирени од веста за младиот доктор, кој имаше само 45 години, велат дека д-р Стојановски живеел навистина здрав живот, со редовни спортски активности, но како што потенцираат, најверојатно срцевиот удар го добил поради претходниот стресен период.