Се облекла како Плејбој зајачица за роденденот на нејзиниот сопруг: Доли Партон гордо "гази" во 8-та деценија од животот

Точка

21/07/2021

13:45

4.122

Големина на фонт

а а а

Славната пејачка, Доли Партон го облече костимот на Плејбој зајачица со цел да го изненади својот сопруг, Карл Томас Дин за роденденот и се потсетила на 1978 година кога всушност позирала за овој магазин.

"Се сеќавате дека пред некое време реков дека ќе позирам на насловната на "Плејбој" на 75 години? Па, имам 75 , а тие веќе немаат магазин", рекла Доли во снимката која ја споделила на социјалните мрежи.

"На мојот сопруг секогаш му се допаѓаше мојата насловна страница па најдов начин повторно да го израдувам. Уште мисли дека сум згодна и после 57 години брак", додала таа.


Доли облекла црно боди без раменици, бело-розова маица и зајачки уши. Со оваа објава ги воодушевила фановите.

"Искрено, ова ми ја разубави неделата, месецот, годината.", "Многу те сакам. Многу си згодна.", "Опседната сум со тебе", беа дел од коментарите под објавата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг