Поплави предизвикани од обилните дождови ја погодија Германија. А фотографиите и снимките кои го обиколуваат светот претходните денови прикажуваат страшни сцени од поплавени и урнати куќи и патишта, а во невремето за жал животите ги изгубиле повеќе од 100 луѓе.
Екипите на итните служби се на терен цело време, но понекогаш и на нив им е потребна помош.
Така во германските медиуми се појавила снимка на која се гледа пожарникар кого го носи водата. И иако изгледало дека му нема спас, во последен момент неколку жители ризикувајќи ги своите животи скокнале во водата да му помогнат.
Градот Алтена се наоѓа во државата Северна Рајна-Вестфалија, која е тешко погодена од поплавите. Поплавите ги погодиле Холандија, Луксембург и Белгија.
Погледнете ја снимката од драматичното спасување на пожарникарот.








