Поранешните колумбиски војници осомничени за атентатот на Жовенел Моиз, се дел од илјадниците војници од таа земја кои минале американска воена обука.
Некои од поранешните колумбиски војници кои биле уапсени поради сомнение дека се вмешани во атентатот на претседателот на Хаити, учествувале во програмот за обука на американската војска, наведуваат од Пентагон.
Мал број на приведени Колумбијци "учествувале во програмите на американската воена обука и образование, додека служеле како активни членови на колумбиските воени сили", рекол потполковникот на воздухопловството Кенет Хофман, портпарол на Пентагон.

Хофман рекол дека овие податоци ги откриле во базата за податоци за обука. Навел дека истрагата е во тек и дека не може да пружи дополни детали, пренесува "Wall Street Journal".
Американската војска шест децении обучувала илјадници припадници на колумбиските трупи и во Колумбија и во САД. Во јуни колумбиски војници отпатувале во Форт Полк во Луизијана за да тренираат заедно со своите американски колеги, наведува американската војска.

Колумбија е главен стратешки сојузник на Вашингтон во регионот, од 2000-та година прима милијарди долари американска помош , од кои повеќето одат во колумбиската војска и полиција.
Властите во Хаити соопштиле дека најмалку 18 Колумбијци, од кои некои биле поранешни припадници на војската, биле уапсени поради вмешаност во атентатот на претседателот Жовенел Моиз на 7-ми јули.








