(Фото) Забележана необична активност: Твитер го блокираше профилот на Венко Филипче, се огласија од МЗ

Нетпрес

16/07/2021

13:22

4.082

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Твитер го забрани официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, па сега може да се прочита дека профилот е привремено ограничен за користење.

Исто така, во предупредувањето објавено од Твитер се објаснува дека е „забележана необична активност од овој профил“.

Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Објаснување дадоа од Министерството за здравство:

„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот.“, се вели во соопштението.