(Видео) Во катастрофалните поплави во Германија загинаа 93 лица, додека се празнат подрумите постојано наоѓаат нови жртви!

Точка

16/07/2021

14:06

4.533

Големина на фонт

а а а

Страшните поплави во Германија усмртија најмалку 93 луѓе, а илјадници се исчезнати во една покраина. Најмалку 43 лица загинаа во северна Рајна Вестфалија, а најмалку 50 во Рајна Палатинат.

Властите во областа Арвајлер на западот на Германија соопштија дека се очекува бројката на загинати да биде зголемена. За време на ноќта се трагало по уште 1.300 лица.


Регионалниот министер за внатрешни работи, Роџер Левенц рекол дека спасувачите постојано наоѓаат жртви во подрумите.


"Во овој момент треба да сфатите дека, додека ја празниме водата од подрумите, постојано наоѓаме жртви", рекол тој.

Сепак, службените лица веруваат дека голем број на луѓе и понатаму не можат да се јават поради лошата мрежа на мобилните телефони.


Регионалниот министер за внатрешни работи, рекол дека уште неколку десетици луѓе недостасуваат, а "кога толку долго чекате, мора да се стравувате од најлошото".

"Бројот на жртви веројатно ќе порасне во наредните денови", додаде Левенц.


Само во градот Бад Нојен-Арвајлер, биле изведени повеќе од 1.000 спасувачки мисии, а некои сѐ уште траат.

Повеќе од 1.000 вработени во итните служби помагаат во сите зафатени области. Уште е рано да се проценат размерите на настанатата материјална штета.



Канцеларката Ангела Меркел изразила длабоко сочувство за жртвите од катастрофата.

"Стравувам дека целосната слика од оваа трагедија ќе ја видиме во наредните денови", рекла Меркел.

Таа им порача на Германците дека нивната Влада нема да ги остави сами во овие тешки денови.