Јонското синило кое ќе ве маѓепса: Одмор во едно од омилените летувалишта на туристите со поглед кон островот Крф

Точка

15/07/2021

13:17

12.432

Големина на фонт

а а а

Ксамил е познато како мирно летувалиште со феноменални плажи и острови кои се наоѓаат во негова близина.

Ксамил е едно од најмладите, а можеби и најубавите албански летувалишта, а до него може да се стигне по копнен пат, но во текот на сезоната постојат и бродски линии поради тоа што се наоѓа во близина на грчкиот остров Крф.


Неверојатно јонско синило

Кој имал можност да летува во Ксамил, го спомнал синото Јонско море кое во овој дел од земјата е речиси неверојатно и дава единствен впечаток.

Со оглед на тоа што станува збор за младо летувалиште, тоа не може да се пофали со развиена инфраструктура, но ниту со некои позначајни капацитети за сместување.

Сепак, Ксамил најчесто го бираат туристите кои летуваат во Албанија и кои сакаат да уживаат во мирот.

Во текот на ноќите просечната температура на воздухот изнесува околу 20 степени, додека пак просечната дневна температура на воздухот е речиси идеална и изнесува од 28 до 30 степени.


Иако во ова албанско летувалиште постојат угостителски објекти од различен тип, не може да се каже дека Ксамил е летувалиште кое е познато по ноќните забави. Доколку тоа го сакате во текот на одморот, во близина се наоѓа Саранда која важи за многу поживо место во оваа земја.

Цени во Ксамил

Поради феноменалните диви, но и уредени плажи по кои Ксамил е познат, често го споредуваат со најубавите италијански летувалишта, но сепак таму цените се попристапни.

Цените за изнајмување на апартман, во зависност од типот на сместување и датумот на патување може да варираат, но просечно изнесуваат од 20 до 40 евра.


Доколку сакате да одлучите да посетите некој ресторан тогаш истиот ќе ве чини околу 20 евра за двајца. Како што наведува сајтот „albanija.rs“, цената на домашното пиво од половина литар е едно евро, додека пак поскапо е странското пиво.

Цената на водата во пакување од половина литар е 50 центи, а за газиран пијалак во кафуле потребно е да издвоите 1 евро, пренесува „Телеграф“

Фото: „Freepik“



Спонзорирани линкови

Маркетинг