Словенија ја промени одлуката: Транзит без ограничувања

Макфакс

14/07/2021

14:40

2.021

Големина на фонт

а а а

Словенечката влада ја смени својата одлука во последен момент и им дозволи на патниците во транзит низ земјата да минуваат без ограничувања.

Ограничувањата се отстрануваат и кога станува збор за меѓународниот транспорт, по незадоволството на превозниците и деловната заедница во БиХ.

Министерот за комуникации и транспорт во Советот на министри, Војин Митровиќ, во изјава за регионaлни медиуми потврдил дека Словенија ги укина претходно усвоените ограничувања во однос на транзитот и меѓународниот транспорт низ таа земја.

„Претходната одлука веројатно беше несвесно воведена, па во меѓувреме разбраа што ќе значи кога станува збор за транзит низ Словенија. Така, за среќа, сфатија дека создадоа проблем не само за нас, туку и за другите земји чии транспортни компании минуваат низ Словенија“, рече Митровиќ.