Жешки денови се најавуваат и за следната недела

Макфакс

27/06/2021

10:01

1.288

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со малку пониска температура и со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне 36 степени.

Денеска и во понеделник температурата ќе е пониска за некој степен, во споредба со претходните жешки денови. Од вторник температурата повторно ќе биде во пораст и ќе биде многу топло.

Ќе продолжи да дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Од средината на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг