Османи во „Само интервју“: Не презедовме никакви обврски во Софија

Точка

25/06/2021

21:12

1.788

Големина на фонт

а а а

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи негира дека на разговорите со бугарската страна преземале било какви обврски надвор од португалскиот предлог, туку било разговарано како да се надминат разликите.

„Обврски не се преземени. Во Софија воспоставен е отворен дијалог за позициите на двете страни во однос на прашањата. Ние разменувавме идеи за можни решенија по однос на сите тие точки кои се споменуваат, а се комплементарни на основната идеја што ја дава португалското решение“, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Само интервју“ на Канал 5, во однос на писмото од бугарското МНР.

Жално е, посочи Османи, што стигнавме во ситуација да бараме гаранции – Бугарите од нас да бараат гаранции за имплементација на договореното, а ние сега да кажеме „па и јас сакам гаранција дека ќе добиеме зелено светло за почеток на преговорите”.

Тој смета дека македонско-бугарскиот спор не може да се реши со еднострани решенија.

Според него, македонската страна ја прифатила идејата за рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам бидејќи слична резолуција во Собрание била донесена во 2006 година.

Во врска со стереотипите и говорот на омраза во учебниците, Османи се залага за изноаѓање на заеднички наратив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг