Тројца дански навивачи се заразиле со „Делта“ сојот на ковид-19 за време на дуелот со Белгија

Дерби

24/06/2021

14:15

954

Големина на фонт

а а а

Присуството на навивачи на трибините за време на Европското првенство очекувано го зголеми ризикот за пренесување на коронавирусот меѓу присутните гледачи, а данските власти денеска објавија конкретен случај.

Тројца дански навивачи се заразиле со ковид-19 и тоа со делта сојот за време на дуелот меѓу Данска и Белгија кој се играше во Копенхаген.

Одговорните во скандинавската земја велат дека навивачите не се поврзани меѓу себе и се водат како индивидуални случаи, но јасно е дека изворот/изворите на вирусот биле на трибините.

Педантните Данци потврдија дека се регистрирани 29 позитивни тестови на ковид-19 поврзани со трите натпревари од Европското првенство кои се играа во Копенхаген, а покрај изолацијата на заразените и нивните блиски контакти, здравствените власти повикале и голем број навивачи на тестирање.

Информацијата за трите конкретни случаи од последниот натпревар доаѓа во пресрет на гостувањето на Данска во Амстердам, каде данските навивачи ќе имаат пристап до стадионот и ќе можат да го следат осминафиналето против Велс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг