Игор Талевски (43) од Скопје, член на Шри Чинмој Маратон Тим - Скопје, во моментов вози велосипед низ САД во само-поддржаната трка ТрансАм по „Транс Америка рута“ (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6920 км. (4300 милји) од западно до источно крајбрежје.
Во моментот е во сојузната држава Кентаки и има поминато над 5227 км. (3248 милји). Дневно поминува во просек по 300 км (197 милји). Најстрмниот и највисок дел, Карпестите Планини со над 3000 м надморска височина е веќе зад него. До крајот на трката му остануваат уште 1482 км. (927 милји).
Моментално е рангиран на 6-то место од вкупно 42 учесници. Неговиот напредок можете да го следите овде: http://trackleaders.com/transam21i.php?name=Igor_Talevski.
Повеќе за бициклистичките искуства на Игор можете да најдете на неговата веб страна: http://cyclinginceleste.com/.