Како Суарез спречи брз напад на Чиле: Ќе тргнеш кога јас ќе бидам подготвен

Дерби

22/06/2021

13:54

1.118

Големина на фонт

а а а

Освен дуелот меѓу Аргентина и Парагвај (1-0) рано утрово на Копа Америка се одигра и пресметката меѓу Уругвај и Чиле која заврши без победник 1-1.

Ова беше средба во која Чилеанците беа автори на двата погодоци, прво Варгас стрелаше за водство за да во вториот дел Видал по еден дуел со Луис Суарез ја затресе сопствената мрежа. По голот во 66 минута имаше уште по една можност на двете страни, ама не дојде до промена на резултатот.

Меѓутоа затоа во финишот видовме една комична ситуација во која во главна улога беше Суарез. Напаѓачот имаше проблеми со опремата, па голманот Браво тргна да отвори брз напад, меѓутоа напаѓачот на Атлетико Мадрид се намести тично пред „единицата“ на Чилеанците.

Клаудио ја прифати играта и се обиде топката да ја протне низ нозете на Уругваецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг