Путин: Наместо крај на Студената војна, победи желбата за ширење на НАТО

Макфакс

22/06/2021

11:39

1.209

Големина на фонт

а а а

Во авторска статија објавена во германскиот весник „Цајт“, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва се надевала дека крајот на Студената војна е победа за цела Европа, сепак се случило да победи желбата за проширување на НАТО.

„Се чинеше дека идејата на поранешниот француски лидер Шарл де Гол за „заеднички континент“ може да стане реалност, но тоа не се случи“, изјавил Путин.

Во неговата изјава Путин кажал дека денес е деградиран целиот европски безбедносен систем, дека тензиите растат и дека постои нов ризик од трка за вооружување.

„Губиме големи можности од потенцијална соработка, што се од најголемо значење за сите нас, имајќи ги предвид тековните предизвици со кои се соочуваме, пред се поради пандемијата“, нагласил Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг