Песков: Не очекуваме САД да престане да ја „скротува“ Русија

Точка

21/06/2021

20:46

1.790

Големина на фонт

а а а

Официјален Кремљ соопштил дека не очекува дека САД ќе престанат да се обидуваат да ја "скротуваат" Русија по самитот на лидерите на двете земји.

"Зборовите на претседателот за конструктивното расположение во текот на самитот не сугерираат дека сме се оддалечиле од трезните проценки за нашите билатерални односи со САД", изјавил портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, а пренесува "Reuters".

"Прагматизмот и трезвеноста се најважни во овие односи. И едното и другото сугерираат дека конструктивните, позитивни резултати на самитот, апсолутно не укажуваат на тоа дека САД ја напуштиле својата политика на скротување на Русија", рекол тој.


Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливен, во неделата за "CNN" рекол дека САД подготвуваат дополнителни санкции во врска со труењето на Алексеј Навални, критичар на Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден се состанале минатата недела на самитот во Женева, кој двајцата го оцениле како прагматичен, а не пријателски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг