Филипче: Нема нови рестриктивни мерки, вториот случај на делта сојот не е причина за загриженост

Точка

21/06/2021

14:00

2.718

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден, во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, познат како делта сој, но засега нема да се воведуваат нови рестрикции.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека ситуацијата будно се следи и нема потреба од дополнителни мерки.

„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, вели Филипче, па појаснува:

„Кај нас ситуацијата е прилично стабилна, на тоа упатува малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием, а во исто време има и мал број на прегледи во болница за прием и мал прием на преглед во болниците. Тоа е нешто што го комуницираме на дневна основа“.

„Сè уште нема доволни испитувања каде било во светот за да знаеме точно каков е ризикот за заболување, дали лицата коишто се вакцинираат имаат ризик да заболат. Тоа што досега се знае е дека ризикот да заболат лицата кои се вакцинирани е навистина мал. Но, во исто време и дека вакцината штити од тешка форма на болест од смртност дури и кај оваа форма на вирусот. Има некои публикации сега, излегуваат и некои други од западноевропските земји, меѓутоа, сè уште е рано за со сигурност да се тврди нешто во врска со ова прашање“, појасни Филипче.

Како што рече, во моментот имаат информации дека само две земји Велика Британија која што ги успори процесите на олабавување на мерките и Португалија која што е единствена земја која што има некаква дополнителна рестрикција. Сите други одат кон попуштање на рестриктивните мерки.

Тој информира дека во петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер“. Оваа недела, најави, ќе бидат проследени четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Според него, околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг