(Видео) 24 Часа: Не јазикот, и Охрид да ни го подари Заев немаше да добие согласност

Точка

19/06/2021

12:36

4.975

Големина на фонт

а а а

И Охрид да ни го дадеше, Заев немаше да добие согласност за преговори, пишува бугарскиот портал 24 часа.

Како коленичење, ја оцени во видео колумна бугарскиот медиум 24 часа посетата на премиерот Зоран Заев на Софија и обидот да се најде решение за блокадата на Македонија. Се вели дека Македонците се Бугари.

Новинарот Виктор Иванов од 24 Часа ги омаловажува преговорите во Софија. Вели дека откако сакал да добие избори врз грбот на Бугарија, премиерот Зоран Заев дошол да моли во Софија за да може да однесе позитивна вест во Македонија. Но, според него, по се што се случува, и Охрид да го дал на подарок, немало да добие поддршка за преговорите со Унијата, пренесува Фактор.

Заев деновиве престојуваше во Софија, каде се сретна со државниот врв.

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов потоа изјави дека македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретнал со луѓе кои не се ништо. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг