Иако е препорачливо, ефектите од мешањето на различни вакцини против коронавирус сè уште се дискутабилни

Точка

18/06/2021

13:48

4.151

Големина на фонт

а а а

Мешањето на различни видови на вакцини против коронавирус веројатно е безбедно и ефикасно, но сè уште се собираат податоци за да се потврди тоа, велат експертите од британскиот универзитет Оксфорд.

„Вакцините против Ковид-19 чија употреба е одобрена во светот се направени така што го поттикнуваат имунолошкиот систем да создаде антитела во борбата против вирусот, но начините на кои тоа го прават се разликуваат“, вели д-р Кејт О’Брајен, директорка на одделението за вакцини на СЗО.

Научниците од Оксфорд тестирале комбинации на вакцини кои се даваат во две дози како што се АстраЗенека, Модерна, Новавакс и Фајзер. Досега добиените податоци покажуваат дека вакцинацијата прво со АстраЗенека, а потоа со Фајзер е безбедна и ефикасна.


Исто така, од овие комбинации постои малку поголема можност за појава на несакани ефекти како што се јадеж и треска. Според виролозите, причината за тоа може да биде што мешањето на различни видови вакцини произведува посилен одговор на имунолошкиот систем.

Во некои земји, здравствените службеници веќе предложуваат мешање на вакцини во одредени ситуации. Откако беше утврдено дека АстраЗенека во ретки случаи влијае на создавање на крвни згрутчувања, многу европски земји како Германија, Франција и Шпанија им препорачуваат на луѓето кои примиле прва доза АстраЗенека, за втора доза да ја изберат вакцината на Фајзер или Модерна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг