„Ова си ти!?“ - долга коса, тело 'за на телевизија'... Тијана Дапчевиќ во сосема поинакво издание кое ги воодушеви фановите!

Точка

10/06/2021

21:39

6.650

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тијана Дапчевиќ со години е препознатлива по својот стил, дел поради облекувањето, дел поради фризурата, која речиси никогаш драстично не ја менува.

Но, Дапчевиќ во последните објави на социјалните мрежи, се покажа во поинакво светло.

Имено, пејачката преку диета успеала да ги симне вишокот килограми, а покрај тоа, направила комплетна промена на целокупниот изглед.

Облечена во ултрамодерен тренд – цветни широки панталони и краток топ, во кои совршено доаѓа до израз нејзината витка фигура, со долга коса и преполовена - вака Тијана го претстави својот нов имиџ.

„Буквално носев уште еден човек во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутови. Тогаш решив дека треба да наравам нешто по тоа прашање. Меѓутоа, почнав да слабеам откако сфатив дека мене не ми треба диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога се споменува зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и за тоа што ќе јадеме, а што не смееме“, рече во една прилика Тијана.

На фотографијата таа има повеќе од 4.000 допаѓања за само два дена и многу коментари од воодушевените фанови и пријатели.

„Прекрасна“, „Останав без текст“, „Ова си ти?“, се само дел од коментарите, а преовладуваат многу емотикони со срциња, кои во Инстаграм светот симболизираат љубов, поддршка и воодушевување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг