Османи бесен на 'одмаздатa' на руската дипломатија: „Протерувањето на македонскиот дипломат ќе има негативно влијание“

Точка

10/06/2021

18:30

4.962

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат.

Според Османи, ова ќе влијае негативно на односите меѓу Македонија и Русија.

„Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација“, напиша Османи на Твитер.

Откако во мај најави контрамерка на протерувањето на руски дипломат од земјава, руското МНР денеска соопшти дека ја повикале в.д. амбасадорката на Северна Македонија за да ѝ врачат нота со која еден од вработените во македонската амбасада во Москва во прогласуваат за персона нон грата.

Протерувањето на рускиот дипломат од земјава, пак, се случи на 14-ти мај кога амбасадорот на Русија, Сергеј Александровиќ Баздикин, беше повикан во македонското МНР за да му ја соопштат одлуката. Како причина за протерување на дипломатот беа посочени активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг