Бесниот Ѓоковиќ го скрши рекламното пано, па со страшен крик ја прослави победата во Париз

Дерби

10/06/2021

11:30

2.765

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ го преживеа налетот на Матео Беретини и се најде во полуфиналето на Ролан Гарос, победа со која си закажа нов тениски класик со својот вечен ривал Рафаел Надал.

Со оглед на тоа што се најдоа во истиот дел од ждребот, реприза од минатогодишното финале на Френч Опен ќе гледаме во полуфиналето, рунда до која двајцата дојдоа откако во четвртфиналето загубија по еден сет. Рафаел Надад загуби еден сет од Аргентинецот Шварцман, но беше доста убедлив во третиот и четвртиот сет, додека Новак имаше нешто потешка задача.

Откако ги доби првите два сета, Беретини одговори во тајбрејкот и намали на 2:1, а долго одолеваше и во четвртиот сет благодарние на добрите сервиси, пред светскиот рекет број еден да направи брејк за 7:5.

Новак го доби дванаесеттиот гејм во четвртиот сет со материјализирање на третата меч топка, нешто што го прослави со страшен крик кој е карактеристичен само за него.

Оваа реакција на Новак дојде извесно време по бесниот излив на емоции кој го имаше по пропуштената втора меч топка, кога покрај тоа што замавна со рекетот, го шутна и го скрши рекламното пано зад теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг