Погледнете како изгледаше синоќешната спектакуларна промоција на македонскиот акциски серијал „BLACK OPS“

Точка

06/06/2021

12:14

20.234

Големина на фонт

а а а

Во Скопје вчеравечер премиерно беше прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена „BLACK OPS“.

Многу познати македонски имиња, меѓу кои и David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов - ќе бидат дел од овој акциски серијал.


Имено, премиерата на трејлерот на „BLACK OPS“ беше одржана во Синеплекс, а сите учесници во серијалот, со лимузина се упатија кон „Сити мол“. Таму ги пречекаа поддржувачите на претстојната серија, а актерите продефилираа и на црвен тепих кој беше поставен токму пред Сити мол.



Инаку, серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски).


„Black Ops“ е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.


Ц.Н.



Спонзорирани линкови

Маркетинг