Поминаа 10-на дена од финалето на Евровизија, а сепак не престанува да се зборува за италијанскиот бенд „Манескин“ кој ја однесе победата.
Постојат интересни факти за оваа „четворка“ кои малкумина ги знаат.
1. Се запознале на училиште
Басистите Викторија де Анџелис и Томас Раџи оделе во исто средно училиште, а во текот на средношколските денови го запознале и Дамијано Давид и тапанарот Итан Торкио.
Кога Викторија, Томас и Дамијано сфатиле дека делат иста страст кон музиката, основале бенд, но им недостасувал тапанар, па Итан го пронашле по пат на оглас на Фејсбук.
2. Името на бендот е дански збор
Кога се пријавиле на локалното музичко натпреварување за нови бендови, сè уште немале име.
„Не знаевме како ќе се викаме“, открила во една прилика Викторија која има данско потекло.
Таа се фокусирала на јазикот на своите дански предци и така им предложила на своите пријатели збор кој во превод значи „Месечева светлина“ – „Манескин“.
3. Дамијано е роден на ист датум како и големи имиња од рокенролот
Фронтменот Дамијано Давид е роден на 8 јануари 1999 година, а на тој датум се родени и Елвис Присли и Дејвид Боуви.
4. Кариерата ја започнале на улица
Додека експериментирале со жанровите, овие музичари настапувале по римските улици, а особено уживале свирејќи во историските делови од градот.
5. Се прославиле во натпреварот „X Factor“
Членовите од групата „Манескин“ во Италија се прославиле по пат на престижното тамошно натпреварување. Иако завршиле на второто место сепак привлекле големо внимание кај публиката, а нивните перформанси биле вирални.
6. Со двајца поранешни претставници на Евровизија ја делат истата менаџерка
Марта Дона, менаџерката на групата „Манескин“ го препознала нивниот потенцијал, но и професионализам. Интересно е тоа што таа се грижи и за кариерата на Марко Менголи кој на Евровизија настапуваше во 2013 година, но и на Франческа Микиелин која Италија ја претставуваше на Евровизија во 2016 година.
7. Го обожуваат Хери Стајлс
Иако главно имаат разновиден музички вкус и стил и слушаат од Бруно Марс до „Arctic Monkeys“, околу една работа се согласни – на сите им е драг Хери Стајлс.
8. Веќе имале европска турнеја
Додека нивната публика ширум Стариот континент го чека датумот за европската турнеја, откриваме дека „Манескин“ настапувале надвор од Италија во тој формат. Во февруари 2019 година имале прва меѓународна турнеја на која свиреле во Барселона, Мадрид, Париз, Цирих, Берн, Хамбург, Минхен, Брисел, Лондон...
9. Во песните често ја споменуваат Марлена, но тоа не е личност
Во пет нумери од нивниот прв студиски албум го споменуваат името Марлена. Многу од фановите веруваат дека тоа е поранешна љубов на некој член од бендот, но всушност тоа не е човечко суштество. Како што објасниле, станува збор за персонифицирана порака којашто на жените им ја испраќаат преку својата музика.
10. „Манескин“ е најуспешниот италијански музички производ во изминативе години
Во изминативе години Италија немала толку многу уметници кои привлекувале внимание далеку од нејзините граници, но „Манескин“ и пред настапот на Евровизија можел да се пофали со завидни успеси. По победата на Евровизија, нивната слава се зголеми уште повеќе и веќе соборија многу рекорди кои држеле нивни двојно повозрасни колеги од Италија – а тие имаат само по 22 години.