Летото е пред нашите врати, температурите растат и токму затоа сега е вистинско време да го испробате рецептот за популарниот шпански пијалак - сангрија.
Шпанија е позната по одличната гастрономија поради која секоја година ја посетуваат милиони луѓе. Покрај тортиљите, паељите и многу други јадења, туристите секогаш сакаат да ја пробаат и автентичната шпанска сангрија.
Она што е интересно е што Шпанците ретко ја пијат. Името го добила поради крваво црвената боја односно по зборот „сангре“ што значи крв. Основната состојка е вино и можете да користите било кој вид, во зависност од тоа кој најмногу ви се допаѓа.
За припрема на бела сангрија потребни ви се: 1,75 литри бело вино, 1/4 шолја шеќер, 3/4 шолја ракија од праска, сок од еден лимон, овошје (праска, јаболко, бобинки или лимон) и мента/босилек.
За класичната црвена сангрија потребни ви се: 1,75 литри црно вино, 3/4 шолја шеќер, 3/4 шолја сок од портокал, сок од еден лимон, сок од лимета и овошје (праски, сливи, портокали).
Доколку сакате посилна сангрија додајте повеќе алкохол, а ако сакате да ја ублажите, додајте газиран пијалак по желба.
Припрема: помешајте ги сите состојки, додајте го овошјето и оставете да преноќи во фрижидер. Послужете со многу мраз.