Почина Ѓоко Поповски - снимателот кој ги направи првите снимки од земјотресот во 1963-та година

Точка

21/05/2021

21:30

4.604

Големина на фонт

а а а

На 88-годишна возраст почина македонскиот снимател Ѓоко Поповски, Гањо.

Гањо е познат по тоа што ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963-та година, но и човекот на кого му се поклонуваше целата снимателска фела и еден од ретките кој ги снимаше настаните на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито.

Секогаш со ведар и насмеан дух, кој воопшто не попушташе под тежината на камерата ревносно забележувајќи го секој момент на настаните од политички, економски, културен или било кој аспект. Важеше за голем професионалец, колега, другар, кој научил многу свои помлади колеги на занаетот со камера. Вистинска легенда ќе речат луѓето што имале шанса да работат со Гањо.


Утрото на 26-ти јули бил во својот дом, речиси ништо не навестувало на доаѓањето на големата катастрофа.

Гањо претходниот ден купил десет филмови за неговиот фотоапатрат, не знаејки дека фотографиите од тие филмови ќе го обиколат целиот свет, откако скопјани ќе се разбудат во рушевините во 5 часот и 17 минути, а тој прв ќе ги документира човечките судбини.

Со неговиот фото објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини.

Неговата кариера ја красат бројни признанија и награди, а Гањо со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, без чии дела тешко дека денес може да се реконструира дел од видео приказната за Скопје и Македонија.