Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије се пофалил со победа во судирите: Уништен е проектот за соживот со Израел

Точка

21/05/2021

19:11

2.549

Големина на фонт

а а а

Лидерот на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије прогласил победа во неодамнешните непријателства со Израел и порачал дека тоа ќе има поголемо влијание на односите на регионот со еврејската држава.

Тој рекол дека со тоа е уништен проектот за "соживот со Израел" или "нормализација на односите со Израел" и дека Хамас ќе има поголема регионална поддршка по 11-дневните судири, пренесува "Times of Israel".

Ханије изразил очекување дека неговото движење ќе успее да добие поголема поддршка по неодамнешните борби и најавил многу дипломатски контакти и успеси во наредниот период.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјавил денеска дека израелската операција во Газа била успешна и му нанела штета на Хамас.

Примирјето меѓу Израел и Хамас почнало утрово од 2 часот по локално време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг