Одиме повторно: Неколку часа по почетокот на примирјето, нов судир меѓу Израелците и Палестинците во Ерусалим

Точка

21/05/2021

15:13

2.842

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавила нова снимка - повторно судири меѓу Палестинци и израелската војска кај џамијата Ал Акса во Ерусалим.

И претходната, 11-дневна размена на ракети започнала со судири токму пред истата џамија. Резултирала со фрлање на повеќе од 4.000 проектили, од една на друга страна и големи загуби. Настрадале и многу цивили, потсетува "B92".

Сите напори да се прекинат судирите вродиле со плод по дури 11 дена, кога Израел прифатил примирје, но со нагласување дека нивните разговори со противничката страна се однесуваат на политичкото крило во Палестина - Фатах и дека со Хамас нема разговори.

Славењето по прогласувањето на примирјето започнало на двете страни на "жицата", а Палестинците веќе од раните утрински часови почнале да се собираат кај џамијата Ал Акса, поради што израелските безбедносни сили биле во приправност.

/center>



Спонзорирани линкови

Маркетинг