Славје на улиците: Започна примирјето помеѓу Израел и Хамас после 11 дена судири

Точка

21/05/2021

08:45

4.955

Големина на фонт

а а а

Започна примирјето помеѓу Израел и Хамас кое е постигнато со посредување на Египет. Луѓето излегоа на улиците да го прослават примирјето, додека истовремено од Хамас порачаа дека и натаму се во состојба на подготвеност и побараа од Израел да го сопре насилството во Ерусалим и да ја реши штетата во појасот Газа.

Палестинците, од кои голем дел во изминатите 11 дена беа во засолништа поради интензивното бомбардирање, излегоа на улиците на Газа и Ерусалим да го прослават примирјето.

И двете страни порачаа дека се подготвени да возвратат за било какво прекршување на примирјето, а од официјален Каиро соопштија дека ќе испратат две делегации за надгледување на примирјето.

Насилството изби на 10-ти мај предизвикано од бесот на Палестинците поради тоа што сметаа дека Изралеците им ги ограничуваат правата во Ерусалим, вклучувајќи ги и полициските пресметки со демонстрантите кај џамијата Ал Акса.

За време на 11-дневниот конфликт загинаа над 230 Палестинци, додека ракетните напади на Хамас убија 12 лица во Израел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг