Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Макфакс

16/05/2021

11:35

1.510

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол.

„Генералниот секретар е згрозен од зголемениот број убиени цивили, вклучително и смртта на десет членови од исто семејство, вклучително и деца, во израелскиот воздушен напад кој се случи во кампот ал-Шати во Газа“, рече портпаролот Стефан Дујарик.

Најмалку 148 лица, вклучително и 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот, објави Ројтерс.

„Генералниот секретар е исто така длабоко вознемирен од израелскиот воздушен напад што уништи висококатница во Газа во која се наоѓаа канцелариите на неколку меѓународни медиумски организации, како и домување“, додаде тој.

„Генералниот секретар ги потсетува сите страни дека секое неселективно гаѓање на цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право и мора да се избегне по секоја цена“, заклучи портпаролот на Гутереш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг