Лицата помлади од 60 години кои ја примија вакцината АстраЗенека во Србија ќе мора таму да се ревакцинираат

Точка

16/05/2021

10:11

3.675

Големина на фонт

а а а

Новите дози од вакцината АстраЗенека, кои вчера пристигнаа во Македонија преку Ковакс механизмот на ЕУ ќе бидат наменети за ревакцинација на граѓаните над 60 години коишто веќе ја примија првата доза на оваа вакцина.

И од Министерството за здравство информираа дека вакцината на АстраЗенека ќе се дава само на граѓани над 60 години и дека засега нема можност помладите кои се вакцинирале со АстраЗенека во соседна Србија да бидат ревакцинирани во Македонија, пренесува „МКД.мк“.

„Во нашата земја со Астразенека може да се ревакцинираат сите граѓани над 60 години, кои оваа вакцина ја примиле во Србија. Граѓани помлади од 60 години вакцинирани со Астразенека во Србија нема да се ревакцинираат во нашата земја“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Сите граѓани помлади од 60 години коишто во Србија се вакцинирале со вакцините на Спутник V, Синофарм или Фајзер ќе може да се ревакцинираат во Македонија со вакцини од истиот производител.

Досегашните препораки се вакцините да не се мешаат, односно вакцината и ревакцината да се дава од ист производител.

Повеќе прочитајте на „МКД.мк“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг