34 лица го прекршиле четиричасовниот полициски час

Макфакс

15/05/2021

13:28

924

Големина на фонт

а а а

Четиричасовниот полициски час, кој на сила беше синоќа од 12 часот на полноќ до четири часот утрово го прекршиле 34 лица, информираат од МВР.

Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, мерката за носење заштитна маска, како превенција од коронавирусот, ја прекршиле 396 граѓани.

Ресорното министерство апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг