Странските кошаркари заробени во воениот хаос во Израел апелираат: Пуштете нè дома

Точка

14/05/2021

17:02

3.309

Големина на фонт

а а а

По жестоките судири со Хамас, во Израел владее хаос и воена состојба. Откако Хамас пред неколку дена го ракетирал Тел Авив, израелската војска жестоко удира по Газа и бројот на мртви и ранети од ден во ден е се поголем.

Поради хаотичната состојба во Израел странските кошаркари бараат прекин на првенството и да им се дозволи да одат во своите домови.


Лидерите на израелската лига планирале да го префрлат првенството во Грција или на Кипар, но странските кошаркари се против таа идеја.


"По консултациите, долгите и тешки разговори со колегите од сите екипи, дојдовме до следниот заклучок. Во наш најдобар интерес, поради безбедност, семејна и психолошка благосостојба, лигата да се откаже. Иако ги цениме напорите на лигата да не префрли во Грција, Кипар или било која друга држава, нема да влеземе во авион кој не води било каде освен во нашите домови. Ако веќе ризикуваме да летаме со авион под овие околности, тогаш тоа ќе биде за да одиме дома, кај семејствата и саканите", се наведува во соопштението на странските кошаркари во Израел.


"Кошарката во моментов ни е најмала грижа. Колку и да ја сакаме кошарката, навивачите и колку и да сакаме да играме, едноставно во оваа ситуација не можеме со бистар ум да размислуваме за најдобриот производ за навивачите, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг