Секое девојче има своја цена: Јулија дедо ѝ ја продал кога имала 13 години, а Маријана преживеала уште полоша траума

Точка

14/05/2021

14:54

2.929

Големина на фонт

а а а

Мексиканскиот медиум "Reforma" направил интервју со неколку жени од староседелско племе.

Во планинските краеви на мексиканската држава Гереро, секое девојче има своја цена, во ропство од 21-виот век карактеристично за тоа подрачје.

Имено, обичај во заедницата е кога девојките ќе наполнат 9 години родителите да им договорат брак или да ги продадат во износи од 40.000 до 200.000 песоси или тоа да биде во натура, така што купецот би понудил стока за нечија ќерка.

Мексиканскиот медиум "Reforma" направил интервју со неколку жени од староседелско племе кои минале низ вакви искуства, односно биле продадени од родителите.


"Ви одредуваат цена и така ве продаваат без прашање или образложение. Не постои можност да не се согласите", рекла Јулија, која дедо и ја продал кога имала 13 години.

Таа успеала да побегне од семејството во кое била продадена бидејќи сопругот постојано, со години ја тепал.

"Се вели дека обичаите велат дека кога девојката ќе се продаде, таа ќе биде заштитена во новата куќа како снаа, но во пракса тоа не е така. Секоја девојка минува низ различни видови на злоставување, физичко, психичко или сексуално", додава Јулија.


Извесна Маријана, која исто така била продадена како дете, споделила слична приказна.

"Ако властите не дозволуваат да се тргува со дрога и оружје, зошто тогаш дозволуваат трговија со луѓе на овој начин. Девојките ги продаваат како животни, а оние кои ќе ги купат, кон нив се однесуваат како кон сопственост", навела таа.

Се проценува дека во Гереро годишно за мажење се продаваат околу 300.000 девојчиња, но не постојат точни бројки.

Марта Гиваудан, претседателка на една мексиканска невладина организација тврди дека институциите не преземале ништо за да ги спречат овие обичаи кои датираат од многу одамна.


"Мажите во главно купуваат девојки за своите синови за да ги оженат. Злоставувањата и сексуалните искористувања во вакви околности, за жал, се нормална појава. Така продолжува циклусот на насилства и сиромаштија, а посебен проблем настанува кога девојките ќе забременат", навела Гиваудан, со потсетување дека државата Гереро е втора во светот по тинејџерска бременост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг