Поранешен напаѓач на Интер го знае новиот клуб на Лаутаро: Фрлам „бомба“…

Дерби

14/05/2021

14:30

2.046

Големина на фонт

а а а

Тимот на Интер по долго време ја врати титулата во Серија А, но големо прашање е како клубот од Милано ќе изгледа наредната сезона за тоа што истиот се соочува финансиски проблеми.

Постои дилема околу иднината на тренерот Антонио Конте, околу најголемите ѕвезди, прашања на кои сигурно ќе се добијат јасни одговори во наредниов период. Во меѓувреме секако се вртат информации, има шпекулации, но и неочекувани вести каква што ја објави некогашниот напаѓач на Интер и италијански репрезентативец Никола Вентола.

Тој објави „бомба“ според која Лаутаро Мартинез ќе направи трансфер во Атлетико Мадрид.

- Фрлам „бомба“. Лаутаро Мартинез заминува во Атлетико Мадрид. Велат дека тоа е готова работа. Велат дека добро ќе биде платено, - истакна Вентола во разговорот со Кристијан Виери.

Лаутаро долго време беше на мета на Барселона, го поврзуваа и со Реал, па ќе биде интересно ако на крајот заврши на „Ванда Метрополитано“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг