Кастилјехо: Овој Милан е како вистинско семејство

Дерби

14/05/2021

14:20

874

Големина на фонт

а а а

Составот на Милан имаше супер партии на гостувањата во Торино, па така прво го реши Јувентус со 3-0 за да потоа го здроби и градскиот ривал на „бјанконерите“ со 7-0.

Со ова „росонерите“ се ставија во одлична позиција за остварување на главната цел во оваа натпреварувачка кампања-Топ 4 пласман или поточно за место кое води во ЛШ.

- Ова беше еден од најважните натпревари во сезоната и никогаш не е лесно да се игра против тим што се бори да избегне испаѓање. Беше одличен перформанс, бидејќи кога сме концентрирани и навистина сме на тоа, ние сме силен тим. Ние сакаме да ја постигнеме нашата цел и да се пласираме во Лигата на шампионите, се надеваме дека веќе во недела, - вели Саму Кастилјехо кој смета дека овој тим на „росонерите“ е како вистинско семејство.

- Една од работите што најмногу ми се допаѓа е што групата е над поединци. Ако не сме обединети и вистинско семејство, невозможно е да се постигнат важни цели. Оваа година, ние навистина сме тимска единица. Сите играчи имаат подеми и падови во текот на една сезона, тешко е да се биде во најдобриот период 11 месеци, но оние што зачекорија донесоа нешто во тимот и затоа сме блиску до целта, - заврши Шпанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг