Мане одби да се поздрави со Клоп, стратегот даде коментар за чудната ситуација

Дерби

14/05/2021

12:27

2.305

Големина на фонт

а а а

Составот на Ливерпул дојде до посакуваната цел и ги освои трите бода на дербито против Манчестер Јунајтед со што ги зголеми шансите за Топ 4 пласман, поточно место во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Меѓутоа покрај ваквиот резултат и славјето на „Олд Трафорд“ не беа сите задоволни во таборот на „црвените“, а тоа јасно се забележа по последниот свиреж на судијата Тејлор. Имено Јирген Клоп тргна стандардно да се поздрави со своите фудбалери како и со дел од противниците, но Садио Мане се одлучи да го откачи стратегот.

Сенегалецот беше бесен и одби да подаде рака, ситуација за која за кратко време свој коментар даде токму предводникот на минатогодишниот шампион во ПЛ.

- Не, нема проблем. Вчера доцна на тренингот одлучив да настапам во Диого Жота. Обично давам објаснување, ама сега немаше време за тоа. Се е во ред. Многу доцна се одлучив да променам некои работи. Моите момци се научени да добијат објаснување, тоа сега не го направив. Немаше време, заборавив, како и да е. Тоа е тоа, се е во ред, - истакна Клоп.

Садио ја одигра завршницата на средбата во Манчестер, влезе во 74 минута на местото на Жота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг