Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 748 пациенти

Макфакс

10/05/2021

11:11

1.545

Големина на фонт

а а а

Вкупната бројка на пациенти позитивни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 748 и има околу 920 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 319 лица. Дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови во ковид – центрите во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од МЗ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг