Илина Арсова за „Скопско ехо“: „Ова Скопје денес не го препознавам, во него има сè помалку скопјани и обележја кои јас ги паметам“

Точка

05/05/2021

12:20

3.732

Големина на фонт

а а а

Во интервју за „Скопско ехо“, алпинистката Илина Арсова зборувала за главниот град (воедно и нејзиниот роден град) и промените кои се случуваат во него во изминатите години.

На прашањето кои мисли ѝ слики ѝ се појавуваат кога ќе се спомене Скопје, таа вели:

„Кругче, коцка, Лондон паб, мирис на липа, библиотеките и кината кои редовно имавме навика да ги посетуваме… И, секако, Водно, многу почисто и позелено од денес, каде што беа моите почетоци во спортското планинарење“.

Арсова искрено признала дека ова Скопје денес не го препознава бидејќи во него има сè помалку скопјани и сè помалку од оние обележја кои таа ги памети.

„Да не ме сфатите погрешно, подеднакво ги почитувам луѓето од другите градови, но не и културата односно некултурата која ја носат со себе. Дојдовме до дереџе каде таксистите ги поставуваат сообраќајните норми, а камионџиите се газди на патиштата. Комуналниот работник кој треба да воведе чистота во градот, самиот гнаси и плука онаму каде што штокуку навидум исчистил. Полицајците кои треба да се пример, самите го кршат законот. И така со ред, се градат идолите на новите генерации кои некогаш биле спортисти, глумци и уметници, а денес се заменети со старлети, криминалци и политичари“.

На прашањето што ѝ недостасува во главниот град, а што би одзела, Илина вели дека би одзела дел од бетонот на сметка на нови паркови за деца, а ѝ недостасува повеќе зеленило, паркови, цвеќе, дрвја, магнолии, овошни дрва, галерии, пешаци и велосипедисти кои ќе можат безгрижно да движат по улиците без да бидат псуени и свиркани од сите околни автомобили.

Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг