Градоначалникот на Истанбул под истрага поради „непочитување“ на султанот

Точка

04/05/2021

18:57

2.090

Големина на фонт

а а а

Турските власти отворија истрага против градоначалникот на Истанбул и еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган – го обвинуваат дека не се однесувал со почит при посетата на мавзолеј на еден султа затоа што ги држел рацете зад грбот.

Министерството за внатрешни работи на Турција денеска објави дека е отворена истрага портив Екрем Имамоглу поради обвиненијата кои се однесуваат на „непочитување“, нешто што се случило во текот на минатата година за време на неговата посета на мавзолејот на султанот Мехмед Втори.

Властите му замериле на најистакнатиот опозиционер во земјата и прв човек на Истанбул дека пред гробот на султанот стоел со рацете на грбот, нешто што се смета за навредливо.

Оценувајќи дека таквата процедура е „неразумна“, портпаролот на градските власти на Истанбул, Мурат Онгуен изјави дека Имамоглу бил повикан да даде исказ.


Инаку, Имамоглу доаѓа од главната опозициска Републиканска народна партија и станува збор за еден од најгласните критичари на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Според многумина, токму Имамоглу би бил главниот против-кандидат на Ердоган на претседателските избори во 2023-та година.

Имамоглу му нанесе тежок пораз на Ердоган на локалните избори во 2019-та година и стави крај на 25-годишното владеење на исламските конзервативци со „најважниот град во Турција“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг