Главниот координативен кризен штаб денеска и предложи на Владата на наредната седница да усвои одлука полицискиот час да трае од 23 до 5 часот, а летните тераси на угостителските објекти да работат до 22:30.
Овој предлог доаѓа откако изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со коронавирус. Вчера беа регистрирани 105 нови позитивни на коронавирус.
"Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда)", се додава во соопштението.
Потсетуваме, угостителските објекти по затворањето повторно започнаа со работа на 28-ми април.