Роберт де Ниро минува низ мачна бракоразводна парница: „Работи по 12 часа дневно само за да ги плаќа нејзините брендирани парчиња облека“

Точка

29/04/2021

19:16

4.111

Големина на фонт

а а а

Славниот актер моментално е во процес на бракоразводна парница од 11 години помладата сопруга која што наводно му го загорчува животот.

Славниот американски актер Роберт де Ниро (77) се разведува од сопругата Грејс Хајтауер по 20 години брак, а тешката бракоразводна парница ги „загорчила“ и неговите финансии.

Адвокатката на актерот вели дека тој нема пари и дека е принуден да ги прифати сите улоги кои што му ги нудат поради тоа што Грејс само на гардероба со потпис на британската модна дизајнерка Стела Мекартни, како и на накит, месечно троши околу 215.000 долари на кредитните картички и околу 160.000 долари во кеш.


„Господинот Де Ниро има 77 години, иако ја сака својата работа, тој во тие години не би требало да работи толку многу и со тоа темпо. По 12 часа дневно, без одмор“, изјавила адвокатката на актерот, па додала:

„Тој утре може да се разболи и потоа сè ќе биде готово“.

Богатството на Де Ниро еднаш беше проценето на 350 милиони долари, а тоа го изградил во текот на својата 50-годишна кариера.

Во последно време тој ги прифаќа сите понуди за работа, па така снима и реклами за автомобили, банки и кредитни картички.

Инаку, Роберт на државата ѝ должи и данок, па хонорарот од наредните два филма кои ќе ги снима ќе одат за таа цел, изјавила адвокатката и додала дека на тоа влијаела и пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, адвокатот на неговата сопруга тврди дека вистината е различна.

Имено, сè додека не се разведат, холивудската ѕвезда според договорот треба наскоро на својата поранешна сопруга да ѝ овозможи да живее онака како што досега навикнала.


Нејзиниот адвокат потсетил и дека Де Ниро не штеди на своите трошоци. Па, така наводно тој со хеликоптер оди на доручек, а своите пријатели на Флорида исто така ги посетува со приватен авион.

Инаку, легендарниот актер Роберт де Ниро и поранешната стјуардеса Грејс Хајтауер се венчале во 1997 година, а синот Елиот го добиле во 1998 година.

Парот набрзо по неговото раѓање побарал развод, иако истиот никогаш не бил направен службено, па во 2004 година тие го обновиле својот однос.

Меѓутоа, во 2018 година одекна веста за нивниот развод. Наводно, како што се пишуваше, Грејс вршела притисок врз славниот актер на судот да му ги предаде документите за развод и притоа за тоа да ги извести медиумите и фотографите.