Украински пратеник со опасна порака: Ракетите треба да ги насочиме кон руските нуклеарни електрани!

Точка

27/04/2021

18:58

3.291

Големина на фонт

а а а

Украинскиот пратеник Роман Костенко предложи украинските ракети да бидат насочени кон руските нуклеарни електрани.

Костенко потсети дека Русија располага со една од најмоќните армии на светот и има огромен нуклеарен потенцијал, па според него, Украина на тоа треба некако да се спротистави.

„Сега ни се потребни ракети со домет од најмалку илјада километри кои би требало да бидат во наша служба и да претставуваат превентивна закана за Москва“, порача Костенко.

Украинскиот парламентарец предложи Киев ова оружје да го впери во нуклеарните електрани во Русија. Според неговите зборови, тоа ќе овозможи рамноправно водење на дипломатијата со нивните соседи.

„Москва треба да знае дека тие имаат нуклеарни електрани, такви какви што ние имавме во Чернобил и дека нашите ракети едноставно ќе долетаат до таму“, изјави Костенко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг