Зеленски: Веројатно ќе се состанам со Путин! Не сакам Донбас да се претвори во нова забранета зона како таа во Чернобил

Точка

26/04/2021

20:59

2.648

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјавил дека веројатно ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, за да разговара за судирот на истокот на Украина, додавајќи дека сите страни "се во финиш" на договорот за нов прекин на огнот.

"Ми се чини дека се оди кон тоа дека овој состанок ќе се одржи", рекол Зеленски на настанот по повод 35-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, пренесува "Reuters".

Тој додал дека не сака подрачјето на судири во Донбас да се претвори во нова "забранета зона", како контаминираното земјиште околу атомската електрана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг