Примал плата 15 години, а не работел: Полицијата му влегла во траг на "серискиот неработник"

Точка

21/04/2021

15:11

2.228

Големина на фонт

а а а

Цели 15 години еден маж, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катанцаро, редовно примал плата, а никогаш не се појавувал на работното место во одделението за итни интервенции во случај на пожар, и за тоа време заработил повеќе од половина милион евра.

Полицијата со преглед на картичката за присуство на работа утврдила дека Салваторе С, на возраст од 66 години, никогаш не доаѓал на работа за која уредно земал плата.


За да го обезбеди сето тоа, Салваторе неколку пати праќал "трето" лице кое јасно им се заканувало на шефовите, колегите и членовите на нивните семејства да му дозволат на Салваторе да не работи а да зема плата, пренесува "Ansa".


Деталите од случајот ги истражува обвинителството, а според "серискиот неработник", како што го дефинираат локалните медиуми, обвинети се уште шест вработени во таа здравствена установа, вклучувајќи и двајца шефови.