Иранското МНР: Постигнат мал напредок во разговорите во Виена

Макфакс

20/04/2021

18:00

640

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Катибзаде, изјави дека на преговорите што во моментов се водат во главниот град на Австрија, Виена, меѓу Техеран и светските сили во врска со нуклеарниот договор од 2015 година, е постигнат одреден напредок, пренесува ИРНА.

„Се движиме по вистинскиот пат и е постигнат одреден напредок, но сè уште не сме ја достигнале последната фаза. Сега сме во фаза кога треба да се преговара за тешки прашања. Никаде не брзаме. Немаме никакви директни или индиректни преговори со САД во Виена“, изјави Хатибзаде.

Минатиот вторник Виена беше домаќин на разговорите насочени кон заживување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили и кон враќање на САД на нуклеарниот договор.

Во 2018 година, администрацијата на Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор и повторно ги воведе санкциите за Иран претходно укинати според догорот. Како одговор, Техеран ги намали своите обврски кон договорот и го зголеми збогатувањето на ураниум на 20 отсто, надминувајќи ја границата од 3,67 отсто утврдена со договорот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг